Здрахала: Немаме друг избор, ќе ја победиме Македонија

0
173

Репрезентацијата на Чешка нема право на нов кикс на Европското првенство, кое се игра во Австрија, Норвешка и Шведска. По стартниот пораз од домаќинот, Чесите треба да победат во дуелот од второто коло доколку сакаат да останат во игра за втора фаза, но тоа мораат да го направат против нашата селекција.

Еден од најдобрите ракометари на Чешка, Ондреј Здрахала во пресрет на овој дуел силно верува дека Македонија ќе падне во Виена.

„Со новиот систем на натпреварување само две селекции од групата одат понатаму. Ситуацијата во нашата група е така што навистина не можам да ветам дека сигурно ќе играме во втората фаза, но може да се случи сценарио во истото да влеземе со два бода. Затоа сметам дека немаме друг избор и ќе ја победиме Македонија“, рече најдобриот стрелец на претходното Европско првенство.

Дуелот меѓу Чешка и Македонија исто така се игра во Виена со почеток од 16:00 часот.
Извор гол.мк