Ивановска: Ако се реши „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава и ќе се зголеми довербата на граѓаните во институциите

0
36

Ако се реши случајот „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава, но ќе се зголеми и довербата на граѓаните во институциите, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.

Според Ивановска, и сé да не чини во државата, ако оној што пресекува – правосудството си ја заврши работата со ефект, тогаш и перцепцијата за корупцијата ќе биде поинаква. Негативни случаи секогаш имало и ќе има, но поентата е како тие ќе се решат и каква порака ќе пратат на останатите чинители во општеството.

За жал, ни се случи тешка и лоша работа минатата година, случајот „Рекет“ кој многу придонесе да се влоши перцепцијата за корупцијата во нашата држава. Добро е што се работи на овој случај, а уште подобро ќе биде ако се сработи, па луѓето малку да ја променат перцепцијата, да ја зголемат довербата во институциите, изјави претседателката на ДКСК; одговорајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“.