Израелскиот претседател Ривлин го нарече антисемитизмот малигно заболување

0
103

Израелскиот претседател Реувен Ривлин денеска им се заблагодари на светските лидери за нивната солидарност со Евреите кои ја покажаа со присуството на Светскиот форум за холокаустот во Ерусалим со кој на се одбележува 75 годишнината од ослободувањето на затворениците во концентрациониот логор Аушвиц.

Зборувајќи денеска на почетокот на церемонијата Ривлин рече дека антисемитизмот не сопира со Евреите и ги нарече антисемитските и расистички движења малигни заболувања.

Рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот принц Чарлс, американскиот потпретседател Мајк Пенс и претседателите на Германија, Италија и Австрија се меѓу 40-те државни претставници кои присуствуваат на Светскиот форум за холокаустот. Повеќе од еден милион луѓе, најголем дел од нив Евреи, се убиени во концентрациониот логор Аушвиц за време на нацистичката окупација на Полска, а шест милиони Евреи умреа во Холокаустот.

Извор РСЕ