Импичмент-процесот за Трамп не е губење време

0
80

Американскиот Сенат прво се зафати со правилата на процесот за импичмент. Републиканците се држат стриктно до своето и резултатот се чини познат. Сепак, постапката за отповикување не е губење време, оценува Карла Блајкер

Првиот ден од постапката за импичмент на Доналд Трамп во Сенатот беше долг и тоа беше видливо уште во првите часови. Притоа, воопшто не се дискутира содржински, туку станува збор за правилата на процесот кои во Сенатот ги претстави лидерот на републиканското мнозинство Мич Мекконел.

По кусите воведни говори, двете страни требаше да го претстават својот агол на гледање на работите. Прво претставниците на страната која обвинува, седум демократски пратеници од Претставничкиот дом, а потоа одбраната – тим од адвокати на Доналд Трамп. Планот на Мекконел беше за прашањата дали треба да бидат сослушани сведоци и дали демократите да добијат документи од Белата куќа и Министерството за надворешни работи да се дискутира по презентацијата на аргументите на двете страни.