Катимерини“: САД бара распоредување на екипа за евакуација во Кипар

0
105

– Кипар соопшти дека примил барање од САД за разместување на нивна екипа за брзо реагирање на островот во случај американскиот дипломатски персонал или цивили да треба да бидат евакуирани од регионот, пред се, на одгласите за растечките тензии меѓу САД и Иран, јави грчкиот весник „Катимерини”.

„Кипар ја даде својата согласност за привремено распоредување во земјата на американска екипа за брзо реагирање, чија задача ќе биде евакуација на американските дипломатски мисии од регионот, како и на американски државјани, доколку тоа се покаже за неопходно”, изјави портпаролот на кипарската Влада Киријакос Кушош.