КОБНА ВРСКА ВО СРБИЈА: Се разнел себеси и девојката бидејќи сакала да му се врати на бившиот дечко?

0
39

Што точно се случило во автомобилот кој бил пронајден утринава никогаш нема да биде јасно, но постојат сомневања дека полицаецот активирал бомба и се разнел себеси и девојката.

Павле Р. (31) се разнел со бомба себеси и Марина И. (28) со која бил во тајна врска, бидејќи таа сакала да му раскине и да се врати на бившото момче, пренесуваат белградските медиуми.

Како што пишуваат „Новости“, Марина девет години била во врска со друго момче, но го оставила кога го запознала Павле Р., оженет полицаец кој има две деца. Меѓутоа таа сепак одлучила дека сака да се врати на бившото момче, а како што пишуваат „Новости“, Павле Р. тоа не можел да го поднесе.

Што точно се случило во автомобилот кој бил пронајден утринава никогаш нема да биде јасно, но постојат сомневања дека полицаецот активирал бомба и се разнел себеси и девојката.