Колинда по мандатот ќе остане да се бори за заштита на жените и децата во Хрватска

0
156

Грабар-Китаровиќ планира времето во иднина да го посвети во заштита на жените, децата и ранливите категории граѓани од насилство.

За порталот 24часа.хр, таа изјави дека и по изборите се чувствува добро.

– Кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Се гледам како се занимавам со заштита на слабите, ја промовирам заштитата од насилство врз жените и децата, но и врз животните, изјави Грабар-Китаровиќ за порталот.