Малолетник прободен со нож

0
36

На 25.01.2020 во 19,05 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ во билијард клуб 16 годишен малолетник од с.Мала Речица-Тетово, по претходна расправија, а потоа и физичка пресметка со остар предмет му нанел убодна рана на 15 годишен малолетник од Тетово. Потоа повредениот малолетник бил пренесен во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Осомничениот малолетник бил приведен во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.