Мекгрегор: Секоја будала која сака може да се бори со мене

0
112

На Мекгрегор му беа потребни само 40 секунди за да дојде до спектакуларна победа над Доналд Серон со што во својата кариера има скор од 22 победи и само четири порази. Истовремено со победата, Ирецот стана првиот борец воп историјата кој остварил победи во три тежински категории, перо лесна, лесна и велтер.

– Ми се допаѓа велтер категоријата, но истовремено сакам да ги менувам тежинските категории, да одам горе-доле. Навистина добро се чуствував и излегов од борбата недопрен. Се наоѓам во добра форма, но морам сè уште да работам за да се вратам на нивото на кое бев пред паузата – изјави Мекгрегор.

Иако престедателот на УФЦ, Дејна Вајт сака реванш кој на организацијата би и донел вистинско богатство, Мекгрегор-Нурмагомедов, Ирецот им фрли ракавица на сите заинтересирани.

– Секоја од овие будали кои ја гледаа борбата може да добијат „порција“ ќотек. Секој. Не ми е важно името, дури и оваа будала што седи тука – изјави Мекгрегор мислејќи на Пол Фелдер, УФЦ борец кој работи и како стручен коментатор, а во минатото често го критикуваше Ирецот.