Мисајловски: Заев е исплашен, соочен со одговорноста за пазарење со националните интереси

0
35

На денешната прес-конференција на Зоран Заев на која истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го укине Преспанскиот договор доколку дојде на власт, реагираа од опозицијата. Владо Мисајловски рече дека Заев го кажува тоа затоа што е исплашен, и дека со потпишувањето на договорот сакал да ги покрие криминалите. Потврди дека доколку победи и обезбеди двотретинско мнозиство, ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидентира Преспанскиот договор.

„Висината е дека ВМРО-ДПМНЕ на 12 април жестоко ќе ги порази криминалите. Се што е можно да ги корегира штетите со двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревиндетира Преспанскиот договор. Не е точно дека Македонија потоа нема да биде дел од НАТО или ќе има помалку инвестиции. Странски инвеститори нема да ја заобиколуваат Македонија поради рекетот на оваа власт“, рече Мисајловски.