Над 100 000 Австралијци мора да се евакуираат пред страшните пожари (ВИДЕО)

0
71

Прогласена е вонредна состојба во југоисточна Австралија, во најнаселениот дел на континентот, а на повеќе од 100,000 луѓе им било наредено да се евакуираат.

„Денес е ден за спасување животи“, предупреди премиерот на Нов Јужен Велс, Гладис Берејклиан.

„Ние буквално видовме десетици илјади луѓе како заминуваат“, рече шефот на противпожарната едница во Нов Јужен Велс, Шејн Фитсимонс.