На влада утврден Предлог- законот за остварување јавен интерес во културата

0
101

На денешната седница, владата го утврди Предлог- законот за остварување јавен интерес во културата, соопштија од владината прес служба. Се него се предлагаат измени во досегашниот начин на објавување на годишните конкурси за финансирање на јавниот интерес во културата , постапките и критериумите за одлучување по конкурсите и воведување други форми за подршка на културните активности на локално ниво и за невладиниот сектор.

Откако ќе биде усвоен во Собранието, Предлог-законот за остварување јавен интерес во културата ќе овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на програмите на националните установи во културата и на проекти на други субјекти во културата. Со него се најавува решавање на прашањата за статусот на вработените во културата, да бидат усогласени со Законот за административни службеници и со Законот за вработените во јавниот сектор, како една од главните заложби, утврдени во Националната стратегија за развој на културата, дополнуваат од владината прес служба.