На пат до Цариград – обид за решавање на уште еден спор

0
79

Голем интерес во јавноста предизвика вчерашната средба на премиерот Спасовски и лидерот на СДСМ со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул. Како што беше соопштено, средбата се остварила на покана на Вселенскиот Патријарх упатена до Зоран Заев додека бил претседател на Владата.

Не може многу да се дознае од кусото соопштение, во кое само кусо се наведува дека Спасовски и Заев на Вселенскиот Патријарх му го честитале празникот Христовото раѓање – Божик, со желби за здравје и сила, во мир и спокој да продолжи, како прв меѓу еднаквите во Православната црква, да ги обединува сите сестрински цркви. И двајцата упатиле покана до Патријархот Вартоломеј да ја посети нашата држава.

„Во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците“, се вели во соопштението.