Нема промени во здравствената состојба кај повредените по двојното убиство во Прилеп

0
76

Нема промена на состојбата со двајцата повредени во вчерашната семејна трагедија во Прилеп која заврши и со две жртви.

Вчера утрото во 8 часот 50-годишен прилепчанец пукал и ги убил 40-годишната сопруга, со која подолго време имале нарушени односи и не живееле во заедница, и нејзината мајка.

Го ранил и нејзиниот брат кој деновиве дошол од Америка во Прилеп за да прави крштевка за неговото дете.

Пациентот Љ.К е стабилизиран, не е во животозагрозувачка состојба и има стабилни витални параметри, пациентот Н.П. добива лекови, интубиран е и е поставен на респиратор и не може да се каже дека не е во животна опасност, изјави вчера д-р Маргарита Пирганоска, анестезиолог реаниматор.