Ниту на Мицкоски, ниту на Чулев им е гајле за безбедноста во државава

0
103

Основата на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за мобилизирање на гласачи на овие избори е – „нивната победа е неминовна, а кога со сигурност ќе дојдат на власт, ќе ги избришат сите анти-државни промени кои ги направила расипничката влада на Заев и ќе ги испозатворат сите кои тие ги сметаат за криминалци или предавници.“

Техничкиот Министер за внатрешни работи не е дојден со задача да ја заштити, или не дај Боже, унапреди безбедноста во Република Северна Македонија.

Судејќи по неговите постапки, очигледно е дека агендата на „врвниот професионалец“ на ВМРО-ДПМНЕ е идентична со онаа на партијата која го назначи – прикажување и предизвикување на што е можно поголем хаос и иницирање на битката за расчистување со неистомислениците.