Нова листа на должници на УЈП

0
89

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2020 за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници објавени се 1.995 должници – правни лица  и 2.515 физички лица

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2020 изнесува 10.006.432.444 денари, помалку за 29.965.041 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.853.974.560 денари (помалку за 22.578.811 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 152.457.884 денари (повеќе за 7.386.230 денари од претходната листа).

На листата се најдоа и неколку фудбалски клубови од земјава. Така, ФК Вардар должи 22,7 милиони денари, ФК Металург должи 3,3 милиони денари, а ФК Беласица 406.734 денари.

Листата на должници можете да ја погледнете  тука.