НОВО ПРОЛОНГИРАЊЕ НА РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ШТИПСКАТА БОЛНИЦА

0
72

Дополнителени седум милиони евра се потребни за изградбата на штипската Клиничка болница. Толку чини промената на проектот за електро машинскиот дел, што се прави на барање на изведувачот. Грчки „Интеракт“ уште пред половина година ги побарал промените од Министерството за здравство бидејќи сметаат дека проектот направен во 2015-та е застарен и мора да се ревидираат одредени решенија.

Здравство ја завршило ревизијата, сега се чека на амин од Владата. Според најавите продолжувањето на изградбата на новата клиничка болница во Штип треба да биде една од првите точки на техничката Влада по празниците.

Застојот ќе се одрази на крајните рокови, па се очекува првата фаза од изградбата на болницата да биде готова на почетокот од наредната година. Ова е четврто пролонгирање на крајниот рок на овој дел од проектот чија вкупна вредност е проценета на 30 милиони евра. Претходно, застојот беше поради проблеми со подизведувачот штипски Бетон. По раскинувањето на договорот од таму тогаш обвинија дека Интеракт договорот го раскинал еднострано и не ги исплатил сите обврски кон нив.