Нов претседател, стари поделби во Хрватска

0
134

Првите зборови на новоизбраниот хрватски претседател беа јасни и свесно одбрани. Уште во изборната ноќ им се заблагодари на сите граѓани – на оние кои гласаа за него, но и на оние кои беа против него. Тој вети дека ќе биде претседател на сите граѓани, на Хрватите, но и оние кои не се тоа. Милановиќ најави и дека нема веќе да зборува за минатото и дека, што инаку би требало да се подразбира само по себе, ќе дејствува строго во рамките на уставните надлежности. Во неколку наврати ја повтори намерата да се залага за единство на земјата и покрај разликите меѓу граѓаните.