Од непозната вирусна пневмонија заразени 44 лица во Кина

0
88

Кинеските власти започнаа истрага за непозната вирусна пневмонија од која се заразени 44 лица во градот Вухан, во централна Кина. Од вкупниот број досега потврдени случаи, 11 се сметаат за тешки. Сингапур и Хонгонг ги надгледуваат сите кои патуваат надвор од овие градови. На социјалните мрежи се објавуваат вести дека вирусот може да биде поврзан со тешкиот акутен респираторен синдром Сарс. Полицијата во Вухан соопшти дека осум лица се казнети за ширење лажни вести на Интернет.

Од непозната вирусна пневмонија заразени 44 лица во Кина | opserver.mk