Партиите веќе тргнаа во лов на гласови

0
94

Уште изборите не распишани, партиите тргнаа во лов на гласови. Денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека од понеделник партискиот караван под мотото „Обновата пред вашиот дом“ тргнува во посета на сите населени места низ Македонија. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалот, на 12 април следува одговорност, рече генералниот секретар Игор Јанушев.

Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните и ќе си кажеме дека Македонија има и шанси и надеж и дека обновата доаѓа. Тука сме за граѓаните заедно да победиме за ова зло никогаш да не се повтори, Зоран Заев никогаш повеќе“, рече Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ.

И СДСМ во кампања. Денеска во партискиот двор организираше хуманитарен базар. Во духот на солидарноста и хуманоста заедно да градиме фер општество за сите, рече Заев повикувајќи ги присутните да донираат средства за бездомните семејства во згрижувачкиот дом во Визбегово.

„Ваквите социјалдемократски вредности во овој период на празници, треба да го отвориме срцето и да им помогнеме рака и меѓусебно да си помогнеме. Преку купување на пијалок и производите и преку донации во кутиите или купување на реквизитите, дека директно им помагаме на овие наши сограѓани на кои навистина им треба помош“, рече Зоран Заев, Претседател на СДСМ.