Поевтинуваат горивата

0
97

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цените на бензините и на дизелот ќе се намалат половина денар.

Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари, на „евросупер БС-98“ – 70 денари за литар, а на дизелот 62,5 денара за литар. Новата цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,5 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,305 денари, на 38,548 денари за килограм.