Пожар во Партизански дом – Мирковци

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, 52-годишната Р.В. од село Бањани, скопско, пријавила дека околу 13:45 часот настанал пожар во Партизански дом – Мирковци во село Сандево, при што била опожарена дрвената влезна врата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.