Препукувања на техничките министри за правата од социјална заштита

0
105

Не стивнуваат меѓусебните преписки на техничките министри. Рашела Мизрахи го посети Специјалниот завод Демир Капија за да се увери во какви услови престојуваат штитениците. Обвини за негрижа и немање доволно негуватели.

Дополнителниот заменик Санела Шкријељ од владиниот прес центар ја повика Мизрахи на конструктивност и да не се дозволи граѓаните да бидат жртви на политиката. Уверува дека сите права од областа на социјалната заштита ќе се реалзираат.

Од утре стечајните работници ќе може до центрите да поднесуваат барање за остварување на правото на месечен надоместок во висина од 8.000 денари до пензионирање.