Притвор за педофилот од Виница

0
70

Педофил од Виница на два наврати сексуално малтретирал дете. Основното јавно обвинителство поведе постапка против него за сторено кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Виничанецот го искористил претходното познанство со детето и во ноември минатата година го намамил во помошна просторија од станбена зграда каде го извршил кривичното дело, информираат од кочанското обвинителство.

 

За да не се дознае, педофилот му дал пари на детето да молчи и никому да не кажува. Меѓутоа, на 31 декември, тој повторно извршил полов напад, по што е откриено кривичното дело, а сторителот е пронајден и приведен.- стенд ап

 

Бидејќи постоеле околности кои укажувале дека осомничениот може да побегне, но и дека ќе ги сокрие трагите за стореното дело или пак да го повтори, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка да му определи мерка притвор. Основниот суд Кочани на виничанецот му одреди 30 дневен притвор.