Пронајдена дрога во дворот на тетовскиот затвор

0
101

Од полицијата велат дека ги преземаат сите мерки за расчистување на случајот.

Вработен во тетовскиот затвор вчера пријавил дека во близина на оградата од дворот на објектот пронашол најлонско ќесе со хашиш.

Пронајдената дрога од увидна екипа на полицијата била однесена на вештачење. Од полицијата велат дека ги преземаат сите мерки за расчистување на случајот.