„Рекет“ одложен, адвокатите на Јанева не дојдоа

Денешното рочиште за судскиот случај „Рекет“ на кое требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова повторно се одложи откако не дојдоа адвокатите на обвинетата поранешна специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Нејзините бранители, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска до судот доставиле отворено боледување, а следното рочиште е закажано за в понеделник. Како што рече судијката нема да се дозволи натамошно одложување.

Кадиев и Фрчкоска поради здравствени причини не дојдоа и на претходното рочиште во понеделникот на кое требаше да сведочи Стефанова која ја води истрагата за случајот „Империја“ во кој е осомничен бизнисменот Јордан Камчев. Тој во случајот „Рекет“, пак, е сведок, а според обвинението, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски се здружиле за да му земат пари на бизнисменот Камчев за олеснителни околности во случајот „Империја“.