Русија доби нова влада

0
125

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата влада на оваа земја, задржувајќи ги во неа клучните функционери, вклучително и министрите за надворешни работи и одбрана.

Списокот на назначувања што го објави Кремаљ денеска покажува дека Сергеј Лавров и Сергеј Шогу, остануваат во владата на новиот премиер Михаил Мишустин. Министерот за финансии, Антон Силуанов, министерот за енергетика Александар Новак и министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев исто така ги задржуваат своите функции.

Сепак, гувернерот на Перм, Максим Решетников станува новиот министер за економија, заменувајќи го Максим Орешин. Советникот за економија на Путин, Андреј Белошов, е избран за прв вицепремиер, на местото на Силуанов.