СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, Трипуновски глуми лажна загриженост и лажен земјоделец

0
72

И после 13 години на пратенички,директорски и советнички позиции платени од граѓаните, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски сеуште има елементарни непознавања од земјоделството и не ги разликува основните земјоделски поими и процедури.

Ваквите елементарни непознавања се само една од причините за 11 годишното криминално управување со земјоделското земјиште, делење на истото на партиски членови и функционери и незаконско богатење со субвенции за истото на кое СДСМ стави крај.

Дали Цветан Трипуновски излегува неподготовен на прес – конференции за да ја достигне нормата поставена од Груевски и неговиот пулен Мицкоски или брза да го заштити имотот на својот партиски другар Горан Ѓуровски , поранешен пратеник, екс директор на Македонија – пат и сегашен државен советник во Македонија – пат?

Наместо да глуми заштитник на земјоделците, Трипуновски да им објасни на граѓаните за луксузниот живот на државна сметка и обидите да се приграби и присвои,што е можно повеќе државен имот и субвенции глумејќи лажни земјоделци.