Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица биле полесно повредени во четири од вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка била причинета материјална штета.

Полицијата од сообраќај исклучила еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, соопштија од СВР Скопје