Судењето за Монструм по третпат се враќа одново, судењето продолжива на 3 февруари

Судскиот процес Монструм по третпат се враќа одново. Причина за тоа е промена на судијка поротничка, чиишто мандат и истекува во март, но и оставката на поротничката. Станува збор за истиот судечки совет кој суди и во случајот ТНТ. Судот назначи нова судијка поротничка. Поради промена во судечкиот процес, судењето се врати одново, но во овој случај само од формален аспект. Одбраната и обвинителството се согласија да не се повикуваат сведоците кои веќе дадоа исказ во доказната постапка, туку сѐ што е изведено да се вметне во новиот записник, а судењето да продолжи онаму каде што застана.

Одбраната на обвинетите во овој случај се согласи да се читаат доказите и сведочењата, што значи дека нема да се сослушуваат пак сведоци и вештаци, туку само се читаа доказите и сведочењата, за ефикасност и спроведување на судењето во разумен рок.

Тој дел формално заврши и процесот продолжи кај што претходно беше запрен.

Обвинителот Гаврил Бубевски како сведок го предложи свиркачот Звонко Костовски за да каже како биле предадени бомбите од УБК до СЈО.