Танасоски им порача на увозниците на половни возила: Уредбата останува

0
35

Засега на сила останува сегашната Уредба за данокот на моторни возила, им порача директорот на Царината, Ѓоко Танасоски, на увозниците на половни возила кои за денеска најавија протест пред Царинската управа.

Тие реагираат дека со новиот закон за данокот и со уредбата, значително ќе поскапат половните возила.

„Донесена е уредба од страна на Влада, врз основа на Законот за данок на моторните возила. Во уредбата е дефинирано по старо што беше акциза, сега се вика посебен данок на моторни возила. При пресметката на овој данок, главната измена се однесува на еколошката компонента која е вметната во пресметката на овој данок. А тоа опфаќа да на пример, до 10.000 евра, возилата кои досега ништо не плаќале, сега ќе плаќаат врз основа на еколошката компонента. Односно, што помалку загадуваат, тоа помалку ќе плаќаат. За прв пат се прави храбар исчекор во контекст на справување со загадувањето, преку мотивирање на увоз на поеколошки возила отколку на понееколошки“, одговори Таљнасоски на новинарско прашање.