Таравари: За една недела ќе знаеме со кого ќе излеземe на избори – коалиција меѓу три партии е невозможна

0
79

Генералниот Секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата “Патот кон“ на Алсат, изјави дека партијата за една недела ќе излезе на прес конференција каде што ќе обелодени договор за коалиција со Движењето Беса или Алтернатива, бидејќи според него, коалиција помеѓу трите партии во моментот е невозможна.

-Требаше да се случи пред пет или шест дена, но бидејќи инсистиравме да не бидеме две туку три, затоа го одложивме овој процес. Јас се надевам дека за шест-седум дена ќе заврши ова. Нам ни треба една партија плус за да го победиме ДУИ, и да го направиме историскиот пресврт на 12 април. Ако се постигне договор меѓу двете страни, разликата ќе биде многу поголема, рече Таравари.