Тачи му даде 15 дена на Курти за да формира нова влада на Косово

0
38

Тачи во својот профил на Фејсбук напиша дека ова е важен чекор за формирање на новите институции.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, до Собранието на Косово испрати писмо со кое укажува дека Албин Курти е мандатар за формирање на новата влада.

Тачи во својот профил на Фејсбук напиша дека ова е важен чекор за формирање на новите институции.

– По прифаќањето на предлогот за мандатар за формирање на владата на Република Косово, престедателскиот Декрет со името на премиерот го испратив до Собранието на Република Косово. Ова е важен чекор за формирање на новите институции и од денеска тече уставниот рок за формирање на владата на Република Косово – напиша Тачи.