Aмериканскиот претседател Доналд Трамп им се заблагодари на советникот за национална безбедност и на специјалниот посредник во преговорите меѓу Србија и Косово за вчерашната одлука за воспоставување директна авионска линија меѓу Белград и Приштина. Тој за ова повторно го искористи Твитер каде што е исклучително активен како ниту еден друг светски лидер и објави дека ова е уште една победа.
Сите велеа дека е невозможно. Но, првпат по многу генерации ќе има директна авионска линија меѓу Србија и Косово. Ова е уште една победа. Благодарност до амбасадорите Роберт О‘Брајен и Ричард Гренел“, напиша Трамп на Твитер.