Украина има 3 милиони жени повеќе од мажи , а популацијата е драстично намалена

0
31

Украина поради миграција, анексијата на Крим и војната на исток изгуби повеќе од 11 милиони жители од последниот попис населението во 2001 година, според проценките кои денес ги објави владата.

Според истражувањето на владата, околу 37,3 милиони луѓе живеат на териториите кои ги контролира Киев и кои не го вклучуваат Крим или зоните под контрола на сепаратистите, наведе министерот на Кабинетот министри, Дмитро Дубилет.

„За жал, податоците не ги вклучуваат лицата кои трајно живеат во странство и во окупираните територии. Ова е број на лицата кои физички се наоѓаат во Украина“, прецизираше тој.

Од тој број, 20 милиони се жени и нешто повеќе од 17 милиони се мажи, според извештајот што го претстави Дубилет.