Шарл Мишел во посета на Македонија, ќе се отвори ли европската перспектива за Македонија?

0
38

По Еврокомесарот Оливер Вархеји минатата недела, денеска и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на средби со македонскиот државен врв, каде се очекува евроинтегративните процеси на земјава, реформите и новата методологија на Унијата да бидат главни теми на разговор.

Тој денеска ќе има тет-а-тет средби со Претседателот Пендаровски и премиерот на техничката влада Оливер Спасовски, а покрај со нив, предвидени се и средби со лидери на политички партии.

Шарл Мишел во земјава доаѓа по посетата во Албанија каде се сретна со тамошниот премиер Еди Рама, а очекувањата се дека и на средбите во Тирана ќе стане збор за евроинтегративните процеси на двете земји.