Шекеринска: Законот за Јавно обвинителство, е клучот за побрзо членство, за побрз почеток на преговори

Очекувам пратениците да носат одлуки што се влог во нашата државна иднина. Секој од пратениците во нашето Собрание влегол во Парламентот со завет и со обврска да ја приближи оваа држава во НАТО и до ЕУ, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали законот за одбрана може да помине заедно со законот за јавно обвинителство, доколку се обезбедат 80 пратеници.

– Законот за Јавно обвинителство, вчера слушнавме и од официјални претставници на ЕУ, е клучот за побрзо членство, за побрз почеток на преговори. Меѓутоа, кај законот за одбрана работите се уште повидливи. Практично, тоа е последниот чекор што треба да не направи де факто реална земја членка на НАТО. И не мислам дека било кој пратеник во Собранието ќе одлучи да се коцка со нешто што толку тешко го стекнавме, рече Шекеринска во изјава за медиуми по НАТО работилницата во МНР.