ЈП државни патишта во 2020-та планира 48,7 милиони евра од наплата на патарини, 4 милиони повеќе од минатата година

Јавното претпријатие за државни патишта годинава планира да прибере 48,7 милиони евра од наплата на патарини, што е за околу четири милиони евра повеќе, од она што било планирано лани.

Колку пари од наплата на патарини се прибрани во текот на цела 2019 година, се уште не објавено, а последните достапни податоци покажуваат дека за половина година инкасирани се 18,2 милиони евра.

Oд регистрација на возила јавното претпријатие за државни патишта годинава планира да прибере 28,4 милиони евра, што е нешто повеќе од минатогодишниот план.