Аца Лукас се степал со својата девојка

0
76

Деновиве Аца Лукас направил скандал во Црна Гора кога се степал со својата девојка, извесна Николија Нина Лачевиќ, која е со потекло од Подгорица.

Лукас и атрактивната бринета прво жестоко се скарале, а потоа дошло и до физичка пресметка во познат хотел во Будва.

„Не ми е пријатно да зборувам за тоа, но бидејќи Лукас се однесуваше нечовечки кон мене, ма сепак ќе објаснам што се случи. Тој допатува кај мене на почетокот на неделата и заедно бевме на неговиот настап во Никшиќ. Другиот ден отидовме во Будва, каде што исто така имаше закажано тезга. Сè беше во најдобар ред до моментот кога требаше да се тргне на тој настап. Не му се работеше, па му реков: Ајде, не можам јас да пејам наместо тебе… Беше нервозен зашто го болеше желудникот, а и јас бев малку нервозна, зашто не сакав да одам, но ете тргнавме и дојде време да почне да пее. Во паузите ми приговараше дека сум премногу сериозна и дека не гледам во него додека настапува“ – раскажала Нина за српски „Телеграф“