ВЛАДАТА ЈА ОДЗЕДЕ КОНЦЕСИЈАТА ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

0
94

Милорад Чавковски и фирмата „Летница Белвица” од денеска и официјално не е веќе концесионер на Охридското езеро. Министерството за земјоделство и Владата му ја одземаа концесијата откако надлежниот инспекторат утврдил дека обвинувањата на рибарите за вршење криминал врз рибниот фонд и низа други прекршоци се вистинити.

Од Државниот инспекторат информираат дека заловувани биле огромни количества риба во период кога е забранет ловот, па служена во рестораните на Чавковски. Направени биле многу прекршоци, а после сите тие докази одговорност од него ќе бараат и пазарната и трудовата инспекција.