Ди Каприо донира 3 милиони долари за Австралија , Металика 750 000…

0
286

Еколошката организација ,,Земјина Алијанса” вчера соопшти дека го основала австралискиот фонд за да помогне во „меѓународниот одговор на катастрофалните пожари“ кои моментално беснеат во земјата.

Пожарите во Австралија, предизвикани од сушата, почнаа од септември, со месеци порано отколку што е типично за годишната сезона на пожари.

Оcкаровецот дејствува како копретседател на организацијата , со филантропите Брајан Шет и Лорен Пауел Џобс. Организацијата е основана минатата година за борба против климатските промени и загубата на биодиверзитетот.