Загина велосипедист од Волково

0
150

Во текот на вчерашниот ден, 63-годишен жител на Волково загинал додека го управувал својот велосипед откако бил удрен од автомобил.

На 09.01.2020 во 17.35 часот на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(46) од с.Сарај, удрило во велосипедистот П.В.(63) од с.Волково. Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.