Мицкоски: Оваа година да биде година на победи, да биде година на обнова

0
117

Оваа година да биде година на победи, да биде година на обнова, да престанат неправдите, да престанат понижувањата, да престане срамот. Јас сум оптимист, верувам во мудроста на народот и сигурен сум дека токму оваа е таа година кога ќе победи Обновата врз разурнувањето.

Новинарско прашање: Пред малку Заев од овде кажа дека наредната недела постои можност за одржување на лидерска средба со вас опозицијата во однос на сите тековни случувања, за предлог законот за јавно обвинителство. Стоите ли на располагање за такво нешто?

Одговор: Тој закон за јавно обвинителство многу пати во минатото беше коментиран. Работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба. Често пати во јавноста сме ги кажувале нашите ставови и тука нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција после 12 април. Така што ако треба да се одржи средба колку ради реда, јас навистина ниту имам намера да го губам времето на граѓаните. Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараа, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба. Ќе ве потсетам што му претходеше насоки од страна на личниот адвокат на господинот Заев врз државниот јавен обвинител, потоа едно контроверзно писмо од страна на притвореничката Јанева со која што сите предмети кои што се во судски процедури но, и оние кои што се во предистрага и истрага на криминален и незаконски начин се префрлија во судовите и она што за нас како ВМРО ДПМНЕ е најголем проблем еве веќе втора година по ред е тоа што на нелегален, незаконски начин е замрзнат имотот на партијата на 85 дена пред предвремените парламентарни избори.