Пендаровски не очекува изборите да донесат промена на трасираниот пат на државата

0
94

Претседателот Пендаровски не очекува драстични промени во политиката на земјава во случај на предвремените избори да дојде до промена на власта. Како што вели тој во интервју за порталот мкд.мк, стратешките цели на државата се веќе зацртани и оти ниту опозицијата, во случај да стане власт, не би настојувала нешто да смени.

„Мислам дека во неколку магистрални насоки и внатре и надвор, нема да сменат ништо. Во однос на стратегиските цели, во НАТО влегуваме, денови или недели се во прашање, и таа ситуација објективно политички не може да се измени и не мислам дека опозицијата, ако ги добие изборите, ќе сака да ја менува.

За преговорите со ЕУ, не можам да видам дека во која било ситуација, и при промена на власта, нема да ни дадат преговори. На внатрешен план, најбитната оска за стабилноста, меѓуетничките односи, убеден сум дека која било следна влада ќе има значаен и доминантен албански партнер во својата структура. Во тие главни насоки нема што да се смени“, вели Пендаровски.