Петар од Охрид беше најсреќниот – по петти пат го фаќа крстот

0
92

Најсреќен меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, беше 30-годишниот Петар Рупески од Варош, кој прв успеа да доплива до крстот.

Рупески, годинава, светиот крст го фаќа по петти пат.

– Мошне сум среќен и јас, моите пријатели и моето семејство што го фатив крстот. Ова е вторпат како го фаќам крстот. Првиот пат тоа беше во 2005 година и навистина тогаш ми донесе многу среќа во животот. Посакувам секој да го фати крстот и да го доживее она што не можам да го опишам со зборови, изјави Рупески.