Полињата со марихуана- нова локација за политичка битка

0
73

Расправата за законот за Јавното обвинителство која требаше да се одвива меѓу работните групи на власта и опозицијата, од зелена маса се сели на зелено поле. Ваквиот епилог станува се поизвесен откако вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека „ниту прифаќа, ниту преговара за закон со кој ќе се амнестира криминал”. Неколку дена претходно, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, преку Фејсбук порача дека „на Заев не му одговара закон за Јавно обвинителство, меѓудругото, токму за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено, а и неказнето”.

„Има многу причини зошто криминално-рекетарската банда на власт одбегнува професионален закон за Јавно обвинителство, но еве јас ќе се задржам на една. Никој од обвинителството во моментов не се занимава со бизнисот со марихуана, каде јавна тајна е дека семејството Заеви и ним блиски луѓе, се длабоко навлезени. Што би се рекло, тие го држат пазарот. Истовремено, неколку пати по ред во Собранието се турка закон за проширени овластувања во однос на бизнисот со марихуана каде личен интерес имаат Заеви. Да не заборавиме дека едно од лицата во Србија, Колувија, кој е бизнис партнер на човекот што го градеше ‘Глобал’, во соседната држава е уапсен за нелегално производство на марихуана”, напиша Јанушев пред четири дена.