Преку подобра соработка со странските инвеститори до зголемена конкурентност на домашното стопанство

0
87

Соработката со странските директни инвестиции во земјава е најлесниот начин домашните компании да ја зголемат конкурентноста. Преку соработката со странските инвеститори може да ја зголемат нивната продуктивност, вредноста и квалитетот на производите и да се здобијат со нови технологии, вештини и искуство, препорачуваат експертите.

Според нив, на македонските мали и средни компании им недостасуваат соодветни сертификати, квалитет, опрема и технологија за поуспешно да се вклучат во синџирот на добавувачи на директните странски инвестиции во земјава, а некаде е проблем и цената на производите што ги нудат и времето на нивната испорака.