Спасовски со честитка: Да се водиме од чесноста, љубовта и грижата едни за други

0
76

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, упати честитка до г.г. Стефан, архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и до сите луѓе во нашата држава, кои ги чествуваат големите христијански празници Бадник и Рождеството Христово Божиќ, во името на Владата на Република Македонија и во негово име.

„Ги честитам големите празници Бадник и Рождеството Христово Божиќ, на Вас, на претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и на сите граѓани во нашата држава, во името на Владата на Република Северна Македонија и во мое име.

Големите празничните денови како што се Бадник и Раѓањето Христово Божиќ се голема духовна сила за секој човек, да ги види одново вредностите што носат благослов, како што се чесноста, љубовта, грижата едни за други и да го прилагоди своето дејствување во заедницата, во името на тие вредности.