Сугарески: Се прави сè летово од Врбјани до Охрид да се патува по новиот автопат

0
95

Се прави сè до јуни да се пушти во употреба делницата Охрид-Врбјани во должина од 30 километри, која е дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба. Освен ова, според очекувањата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески годинава треба да заврши и изградбата на делницата Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.

Ова се само два од годинешните приоритети на Министерството за транспорт и врски кои ги најавува министерот.

-Посебно внимание посветуваме на железничката пруга кон Бугарија. Годинава се очекува да заврши изградбата на делницата од Куманово до Бељаковце. Во тек е тендер за изведба на делот од Бељаковце до Крива Паланка, на кој интерес покажаа 15 компании. Заедно со ЕБОР се работи на евалуација на понудите и очекувам до крајот на годината да почнат работите. За тој дел од пругата се обезбедени 15 милиони евра и уште 60 милиони се потребни за делот до граница кој треба да почне да се гради до 2021 година, вели Сугарески.