УБИЕНИ 24.000 СВИЊИ: На фарма во Бугарија е откриена африканска треска

0
104

Бугарската ветеринарна власт соопшти дека 24.000 свињи ќе бидат убиени откако е откриена африканска свинска треска на една фарма на северо-исток од земјата.

Појавата на африканска свинска треска е прва на индустриска фарма од август, кога во Бугарија беа убиени 130.000 свињи.

Заразата е откриена во селото Никола Козлево во регионот Шумен.

Африканската свинска треска претставува ризик за свињите, но не и за луѓето.